Каде се перат најмногу пари? Интернет-просторот и недвижностите на прво место

Секоја секунда, милијарди долари нелегални пари во светот ги менуваат сопствениците благодарение на клептократските мрежи кои функционираат како транснационални корпорации. Тие ги поврзуваат корумпираните владини претставници, нивните семејства и внатрешниот круг на соработници, менаџерите за богатство, банкарите, финансиските советници за да основаат фиктивни компании, сметководители, адвокати, агенти за недвижности и разни групи кои „работат“ под капата на организираниот криминал.

Ви претставуваме дел од најновите статистички податоци за перење пари во светот, редовно објавувани од страна на Работната група за финансиска акција (FATF).

Перењето пари „јаде“ до 5% од светскиот бруто домашен производ

Секоја година се перат помеѓу 800 милијарди и две илјади милијарди долари нелегални пари, што претставува приближно 2-5% од светскиот бруто домашен производ.

Надлежните институции откриваат и запленуваат само 1% од нелегалните финансиски текови.

Според најновите записи од 2026 година, FATF идентификуваше 23 земји како земји со висок ризик за перење пари.

Интернет и недвижности „највалкани“

Перењето пари преку интернет сочинува 80-85% од вкупниот износ на перење пари.

74% од главните шеми за перење пари вклучуваат трансакции со недвижности.

46% од шемите се поврзани со организирани криминални групи како што се мафијата и картелите.

10.000 милијарди долари се скриени во офшор даночни рајови низ целиот свет.

1.000 милијарди долари се перат преку класична трговија

Трговијата со дрога сочинува речиси 30% од случаите на перење пари во светот.

Финансиските измами сочинува повеќе од една петтина од активностите поврзани со перење пари.

Директното перење пари сочинува приближно 18% од случаите на перење пари.

Други неодредени активности сочинуват малку над 14% од случаите на перење пари.

Примери за перење пари по земја

Приближно 750 милијарди долари нелегално стекнати пари се перат во европските земји секоја година.

Швајцарија работи со 60 милијарди долари испрани пари и покрај регулативите.

Соединетите Американски Држави годишно перат 300 милијарди долари нелегални пари преку финансиските системи.

Русија годишно пере 500 милијарди долари нелегално стекнати средства.

Кина пере 200 милијарди долари нелегални пари годишно преку нелегални обложувалници и коцкарници.

Мексиканските нарко-картели пере 50 милијарди долари годишно преку купување недвижности.

Канада пере 46 милијарди долари секоја година преку купување недвижности.

Австралија пере 60 милијарди долари годишно нелегални пари поврзани со организиран криминал.

Нигерија годишно префрла над 15 милијарди долари средства поврзани со корупција.

Кој е просечниот перач на пари?

Четири петтини од луѓето осудени за перење пари се мажи.

Просечната возраст на осудениот перач на пари е 43 години.

Три четвртини од осудените перачи на пари не биле гонети претходно.

Кои се „надпросечните“ перачи на пари?

Корупцијата на владини службеници е вклучена во 40% од случаите на перење пари.

Адвокатите, сметководителите и агентите за недвижности сочинуваат 65% од посредниците за перење пари.

Банкарските службеници се соучесници во 10% од случаите поврзани со перење пари.

Прекршување на правилата и лажни пријави

Две третини од земјите во светот не ги исполнуваат целосно стандардите на FATF.

Непочитувањето на прописите за спречување на перење пари и непријавувањето на сомнителни трансакции се одговорни за 10% од случаите на перење пари.

Институциите за спречување на перење пари добиваат 3.000-5.000 лажни пријави дневно,  пренесува Банкар.ме.