
Европските берзански индекси денес се во пораст, суровата нафта Брент падна на околу 115 долари за барел, додека фокусот на пазарот оваа недела ќе бидат извештаите за заработка од американските технолошки компании Microsoft, Alphabet, Amazon и Intel, кои ќе дадат увид во глобалниот тренд на побарувачката за инфраструктура за вештачка интелигенција.
Суровата нафта Брент падна за 1,48 проценти на 115,038 долари за барел во 9:30 часот наутро, додека американската лесна сурова нафта WTI падна за 1,96 проценти на 101,256 долари.
Европските фјучерси за гас за ноември се тргуваа на отворањето на берзата TTF во Амстердам денес по цена од 94,375 евра за мегават-час, или околу 990,94 евра за 1.000 кубни метри.
Според податоците од берзата, германскиот берзански индекс DAX порасна за 0,31 проценти, францускиот CAC 40 за 0,61 проценти, британскиот FTSE 100 за 0,41 проценти, италијанскиот FTSE MIB за 0,61 проценти, а московскиот IMOEX за 0,32 проценти.
Вредноста на еврото во однос на доларот на берзата Форекс денес е 1,12076 долари.
Цената на златото се искачи на 4.016,33 долари за тројанска унца, а цената на пченицата на 6,2545 долари за бушел (еден бушел е 27,216 кг).











