Прехранбената компанија Mars, во американската сојузна држава Канзас отвори нова фабрика за производство на чоколада, прва во последните 35 години. Во фабриката се инвестирани 270 милиони долари, јавуваат агенциите.
Фабриката во Топека ќе произведува Snickers чоколатца и M&M чоколадни бонбони, во моментов најбараните артикли на оваа компанија. Фабриката има капацитет да произведува 14 милиони Snickers чоколатца и 39 милиони М&М бонбони дневно.