Горивата од ноќеска поскапуваат за 0,5 денари

45

1237467757_benzin2Горивата од ноќеска на полноќ ќе се продаваат по цена повисока за половина денар, е најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика.

Новата цена на Еуросупер БС 95 ќе изнесува 80 денари за литар, додека цената на Еуросупер БС 98 ќе биде 81,50 денари за литар. Дизелот (Д-Е V) ќе се продава по цена од 67,50 денари за литар, додека цената на Екстра лесно масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 56 денари за литар.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,089 денари за килограм и со тоа цената на М-1 НС изнесува 39,710 денари за килограм.