Бројот на туристите во март оваа година, во однос на истиот период лани, е зголемен за 5,2%, а бројот на
ноќевањата е зголемен за 7,5%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Бројот на туристите во март оваа година изнесува 36.290, а бројот на ноќевањата изнесува 78.721.
Бројот на домашните туристи во март оваа година, во однос на истиот период лани, е зголемен за 20,6%, а бројот на странските туристи е намален за 2,7%.
Бројот на ноќевањата на домашните туристи во март оваа година, во однос на истиот период лани, е зголемен за 16%, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 1,8%.
Во периодот јануари-март оваа година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите
е зголемен за 2,8% и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 6,9%, а кај странските бројот остана на исто ниво. Во истиот период, бројот на ноќевањата е зголемен за 2,9% и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 3,7%, а кај странските има зголемување за 2,3%.