ДДВ-то на донации ќе се разгледа на владина седница

50

donacii

Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески изрази подготвеност на владина седница да го отвори прашањето околу наплатата на Данокот на додадена вредност (ДДВ) на телефонските донации за хуманитарна помош, пренесува Макфакс.

Ставрески на прес-конференција во Скопје беше запрашан за коментар во врска со информациите во јавноста дека на телефонските донации за поплавите во Србија и Босна и Херцеговина, преку кои досега биле собрани најмалку 60.000 евра, државата наплатила ДДВ од 18%.

“Тоа се законските услови во Република Македонија. Доколку има барање и потреба, може да се променат законите. Тоа е прашање за кое може да се дискурита на владина седница. Секако дека не се работи за некој голем износ, но тоа прашање треба да се отвори на влада“, рече Ставрески.