Нестабилно со пороен дожд

37

Во поголемиот дел од Македонија, времето ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со засилен ветер и појава на град. Во вторник и среда ќе има делумно стабилизирање на временската состојба.

Во текот на невремето синоќа во Скопје наврнаа 37 литри на метар квадратен за половина час, а ветерот достигнуваше брзина од над 70 километри на час, информираа од Управата за хидрометеоролошки работи.

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Штип, Валандово, Битола, Охрид и Крушево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, во неделата ноќта во 23 часот и 5 минути, регистрираше земјотрес чиј епицентар потекнува од скопското епицентрално подрачје.

Според Евромедитеранскиот сеизмолошки центар, земјотресот бил со епицентар на 10 километри северно од Скопје, на длабочина од 10 километри со магнитуда од 3,7 по Рихтер.