Вчера вечер и официјално беше отворен резиденцијалниот комплекс Парк Резиденс. На настанот присуствуваа голем број на познати гости од деловниот и културниот свет, партнери, соработници и добавувачи кои можеа да уживаат во пријатната атмосфера, коктел, и музика во живо, за која се погрижија музичарите од македонската филхармонија.
Концептот на Парк Резиденс е да привлече луѓе кои знаат што сакаат за себе и кои напорно работат за да го постигнат тоа, но во исто време максимално да уживаат во животот, е најчестиот впечаток за овој објект од гостите кои имаа можност да ги посетат апартманите, и самите да се уверат во хармонијата на совршенството која ја нуди овој објект.
“Денес и официјално го отвораме Парк Резиденс, најдобриот апартманско – хотелски комплекс, лоциран во срцето на градскиот парк, статусен објект фокусиран пред се на задоволството на своите станари, посетители и гости. Објект во кој се инвестирани над 25.000.000 евра домашен капитал, во чија изградба се користени најквалитетни материјали… имплементирани се највисоки безбедносни стандарди, потврдени од овластените институции во земјата. Парк Резиденс зрачи со позитивна енергија на просторот и ентериерот… изобилува со многу светлина, одличен распоред на апартманите… внимававме на многу мали детали, а се со цел да обезбедиме хармонија, и задоволство на нашите клиенти кои тука, на овој магичен простор ќе ја започнат својата животна приказна, ќе го живеат својот сон во околина со многу зеленило, со уникатен поглед кон скопската тврдина Кале, во непосредна близина на центарот на Скопје, а во самиот градски парк, на локација со многу светлина како на ретко кое друго место. Навистина сме горди на овој објект”, изјави Бранкица Анѓелевска, проект менаџер во Имморекс Македонија ДОО Скопје.
Парк Резиденс е резиденцијален објект со статусни апартмани и хотел, во чија изградба се користени материјали од светските брендови како Cotto D’ ieste, M&Z, VIP, BAUDZT, Progetti, Rossini.
Комплексот го карактеризира препознатлива фасада, современ дизајн, енергетска ефикасност и највисока технологија која е вградена во објектот, што сеопфатно Парк Резиденс го прави уникатен простор кој ги одзема воздишките на посетителите.
Комплексот се состои од вкупно: 126 апартмани, деловен простор, хотел на пет ката, обезбеден паркинг, на вкупна изградена бруто површина од 32.264 метри квадратни. Сите оние кои ќе живеат во овој комплекс или ќе престојуваат во хотелот ќе имаат на располагање и спа и фитнес центар, и многу други подобности, сите на едно место.