Vitality Punta – прв антиалергиски хотел во Хрватска

43

antialergiski hotel

Хотелот Vitality Punta во Вели Лошињ е првиот хотел во Хрватска што го доби меѓународниот сертификат ECARF, што потврдува дека производите и услугите во целост се прилагодени кон луѓето со алергии, па со тоа стана и првиот таканаречен антиалергиски хотел во Хрватска, јавува Пословни дневник.

Овој хотел го доби сертификатот по извршената сложена ревизија, во рамки на која се предвидуваат посебни стандарди за подготовка на храната, мора да се задоволат и низа други услови што ги наметнува ECARF, како што е одбегнување да се одгледуваат растенија што предизвикуваат алергии. Во хотелот има и зона во која не се движат домашни миленичиња, а се користат и производи за лична хигиена за лица со чувствителна кожа.

punta

И пред да го добие тој сертификат, овој хотел беше еден од првите во кој може однапред да се нарачаат јадења без алергени, односно состојки што предизвикуваат алергии на индивидуално ниво. Хотелот Vitality Punta ја брани филозофијата на одмор во хармонија со недопрената природа што го окружува и од неодамна го доби и сертификатот Sustainable Hotel.

Сертификатот ECARF – European centre for allergy research foundation, го доделува непрофитна организација во рамки на Клиниката за дерматологија, венерологија и алергологија на Медицинскиот факултет во Берлин. Станува збор за интердисциплинарна институција за третирање, истражување и размена на знаења и искуства во оваа проблематика.

punta 1