Државно земјиште на продажба во Општина Богданци

37

По пат на електронско јавно наддавање, Општина Богданци огласи продажба на државно неизградено земјиште за изградба на верски објект, хотел и откупно дистрибутивни центри за свежо овошје и зеленчук.

Предмет на продажба ќе бидат две парцели од кои на едната со површина од 5.470 квадрати ќе се гради верски објект, католичка црква со придружен хотелско угостителски комплекс, а на другата парцела со површина од 4.188 квадрати ќе градат откупно дистрибутивни центри.

Почетната цена за продажба на парцелата наменета за верски објект изнесува 148 денари за метар квадратен, а за парцелата наменета за откупно дистрибутивни центри е 61 денар од метар квадратен.

Право на учество имаат сите физички и правни лица кои најдоцна до 9 септември ќе ги достават своите понуди. Електронското јавно наддавање ќе се изврши на 12 септември со времетраење од по триесет минути во периодот од 10 до 11 часот.