Агенција за катастар на недвижности на Македонија ќе разменува искуства со Катастарот од Никарагва, во рамки на проектот за реформи во земјишните политики што се спроведува во соработка со Светска банка.
Делегации од Светска банка и од Катастарот на Никарагва денеска се во посета на земјава со цел да се договорат активностите за соработка.
“Соработката се темели на основниот проект почнат во 2005 година за регистрација на недвижен имот и воспоставување катастар на недвижности. Проектот во 2010 година беше прогласен за најдобар проект на Светската банка и продолжува по истиот назив до јуни 2015 година со носечни активности за дигитализација на катастраските планови“, рече директорот на Агенцијата за катастар на недвижнини, Славче Трпески.
Херман Естрада, директор на Катастарот на Никарагва рече дека од Светска банка им се пренесени позитивни искуства за проектот во Македонија.
“Имаме слушнато многу убави работи за Македонија. Нам во Латинска Амерка ни имаат кажано дека овој проект со вашата Агенција за катастар е најуспешниот во рамки на соработката со СБ. Претставниците на СБ споменаа дека Никарагва е земја во која добро се спроведува овој проект и се надевема дека можеме да си покажеме многу работи и да научиме едни од други“, вели Естрада.