Во организација на Федерацијата на фармери на Македонија и Мрежата за рурален развој на Македонија денеска во Кочани ќе се одржи конференција на тема “Предизвиците на жената – претприемач во руралната средина“.
Целта на самиот настан е да се поттикне претприемништвото кај руралната жена и да се согледаат проблемите и предизвиците на овие маргинализирани групи кои ги имаат во руралните средини во делот на претприемништвото.
На Конференцијата “Предизвиците на жената – претприемач во руралната средина“ претставници од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе имаат презентација на ИПАРД програмата.
На конференцијата поканети се жени фармери, жени претприемачи, но и претставници на научни, образовни и други институции кои соработуваат со руралното население.