Економската состојба во септември, според оценката на раководителите на деловните субјекти, е понеповолна во однос на претходниот месец, а исто така, и во однос на истиот период лани, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Оценката за обезбеденоста на производството со порачки е поповолна во однос на претходниот месец. Oценката за обемот на производството во септември 2014 година е поповолна во однос на претходниот месец, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се понеповолни, како и очекувањата за бројот на вработените.
Во септември 2014 година, залихите на суровини и репроматеријали, како и тековните набавки на суровини и репроматеријали се под и околу нормалата. Залихите на готовите производи во септември 2014 година се намалени во однос на август 2014 година.
Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во септември 2014 година изнесува
61,3% од нормалното искористување. Најголемо влијание на ограничувањето на обемот на производството
во септември 2014 година имаат следните фактори: недоволната странска побарувачка со 22,7%, недоволната домашна побарувачка со 18%, неизвесното економско опкружување со 10,6% и финансиските проблеми со 8,9%.