Отворање нови бизниси со пренамена на неискористени средства од активни мерки на АВРМ

43

Вкупно 40 нови бизниси кои ќе овозможат 60 вработувања ќе бидат отворени со пренамена на неискористените средства од активните програми и мерки за вработување на Агенцијата за вработување на Република Македонија (АВРМ).

“Во наредниот период ќе ги повикаме да склучат договор за да можат да ја остварат својата идеја“, рече денеска директорот на АВРМ, Влатко Поповски.

Тој ги повика сите лица на кои Агенцијата не успеа да им помогне годинава, да ја реализираат својата бизнис идеја и да аплицираат повторно следната година. На тој начин, според него, лицата ќе имаат нова шанса да учествуваат во следниот циклус за самовработување со кредитирање и самовработување со грант и да бидат дел од успешните приказни на Агенцијата.

“Сите што имаат квалитетни бизнис планови во 2015 година не ќе мораат да го минат патот што го минаа оваа година, туку директно ќе можат да учествуваат во вториот дел од самовработување со грант“, рече тој.