Конференција на тема Управување со пакување и отпад од пакување – како до исполнување на националните цели, ќе се одржи денеска во организација на Стопанската комора на Македонија.
“Цел на конференцијата е да ги идентификува состојбите, проблемите и предизвиците, како и да предложи мерки за сите чинители во процесот на управување со отпад од пакување за зголемување на стапките на рециклирање на отпад од пакување и достигнување на националните цели до 2020 година“, велат од Стопанската комора на Македонија.
На конференцијата ќе се обрати министерот за животна средина и просторно планирање Нурхан Изаири, а со свои презентации ќе учествуваат и претставници на колективни постапувачи со отпад од пакување од Белгија и Романија.