Отворени денови со Катастарот во скопските општини

40

Агенцијата за катастар на недвижности од денеска започнува со акцијата Отворени денови со Катастарот во општините на Град Скопје.

Досега граѓаните доаѓаа во Центарот за катастар на недвижности – Скопје, а во наредниов период тоа ќе можат да го направат во нивните општини.

Средбите со граѓаните ќе започнат од девет часот, а ќе завршат во 17 часот.