Размената со странство за 2012 приближно 10 милијарди долари

44

kamioni8_2Според податоците на Државниот завод за статистика, од јануари до ноември 2012 година, обемот на стоковната размена со странство изнесувала 9.544.306.000 американски долари. Вредноста на извозот на стоки од Република Македонија изнесувала 3.645.344 илјади американски долари, додека на увозот 5. 898.962.000 долари. Покриеноста на увозот со извоз била 61,8%, трговскиот дефицит изнесувал 2.253.619.000 американски долари.

Во извозот најголемо било учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, фероникелот, преработките од нафта, производите од железо и челик (валани производи) и облеката. Во увозот пак најмногу биле застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, суровата нафта, рудите на никел и нивните концентрати и електричната енергија.

Најголемо учество од 62,5% во извозот на стоки имаат земјите – членки на ЕУ и земјите од Западен Балкан со 24,6%. Во увозот на стоки, исто така, најголемо учество со 58,9% имаат земјите-членки на ЕУ и земјите во развој со 22,2%.

Земајќи го во предвид вкупниот обем на надворешно-трговската размена, Македонија најмногу тргувала со Германија, Грција, Србија, Бугарија и Италија. Вкупната надворешно-трговска размена со овие пет земји изнесувала 47,3%.