Уште еден нов производ на македонскиот пазар, млекарницата Идеал Шипка лансираше јогурт со 3,5% масленост, произведен од млеко од домашно потекло, без адитиви, направен според традиционален рецепт.
“Одлучивме да им понудиме на потрошувачите ферментиран млечен производ кој многу потсетува на домашниот јогурт кој го подготвуваа нашите мајки и баби.
Масленоста од 3,5% му дава исклучително полн млечен вкус, а високиот процент на млечни киселини – идеална нутриционистичка вредност, што научно и медицински е докажано дека го зајакнува имунитетот”, потенцираше Димитар Павлевски, директор на производство во млекарницата Идеал Шипка.
Новиот јогурт од Идеал Шипка само го збогатува веќе постојното портфолио на производи на оваа македонска млекарница. Јогуртот од денес ќе може да се најде во поголемиот број трговски објекти низ земјата.
Новиот производ, во промотивниот период, ќе биде достапен и во специјално пакување од две шишиња со подарок чаша.
Идеал Шипка е дел од најголемата светска млечна индустрија Лакталис. Во Македонија, освен млечни производи од брендот Идеал Шипка, во своето портфолио ги нуди и производите од брендот Дукат и Президент.