Францускиот производител на коњак Rémy Martin пронајде начин како да им стави крај на измамите поврзани со нивниот пијалак, пишува Ubergizmo.
За да може да ги заштитат потрошувачите од лажен коњак, особено на кинескиот пазар, Rémy Martin вгради NFC чип во внатрешноста на шишето.
Чипот ќе биде вграден на внатрешната страна од шишето, па секој корисник ќе може да го скенира со својот паметен телефон, којшто преку апликација ќе оцени дали коњакот е оригинален или фалсификат.
Преку посебен механизам ќе може да се открие дали шишето било претходно отворано и дали пијалакот бил заменет со друг.