Пониски трошоци на живот во јули

41

Трошоците на живот во јули, во однос на претходниот месец, бележат намалување од 0,7%, додека кај цените на мало тоа намалувањ е 0,3%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Намалувањето на индексот на трошоците на животот од 0,7% во јули 2015 година, во споредба со претходниот месец , е резултат на пониските индекси на свежиот зеленчук за 18,9%, свежото овошје за 2,7%, јајцата за 1,7%, сувомесните производи за 0,8%, конзервираните месни производи за 0,6%, конзервираниот зеленчук за 0,5%, свежото млеко за 0,4%, полутрајните колбасичарски производи за 0,3% и безалкохолните пијалаци за 0,2%.

Исто така, намалување на индексите на трошоците на животот е забележано кај болничките услуги за 5,8%,
средставата за чистење и одржување на станот за 2,2%, обувките за 1,3%, електричните апарати – големи за
1%, електричната енергија за домаќинствата и течните горива и мазива за 0,4%.

Пораст на трошоците на животот во јули 2015 година, во споредба со претходниот месец, е
забележан кај тутунот за 5%, сувото овошје за 1,4%, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските
производи за 1,1%.

Во јули пораст на трошоците на животот е забележан и кај услугите за сместување за 13,2%, лековите
за 3,5%, информатичката опрема за 3,1%, туристичките пакет-аранжмани за 2,6%, гасот за домаќинствата за 1,3%, облеката, мебелот и текстилот за домаќинствата за 0,3%.

Трошоците на животот во јули 2015 година, во споредба со јули 2014 година, бележат намалување
за 0,4%, а цените на мало бележат намалување од 1,4%.