Приходите на Google поголеми за 36%

50

Google-Inc2 (1)Во последното тримесечје од минатата година, Google оствари вкупен приход од 14,42 милијарди долари од кои шест во САД, а остатокот од приходот на останатите светски пазари.

Во однос на минатата година, овој резултат е подобар дури за 36%. Вкупната заработка остварена во текот на истиот квартал била 2,89 милијарди долари.

Колку за споредба, во истиот период лани Google имал профит од 2,71 милијарди долари, а во третиот квартал лани 2,74 милијарди долари. Резултатите за приходот на Моtorola Mobility, во сопственост на Google не беа така добри.

Во изминатото тримесечје компанијата остварила вкупно приход од 1,51 милијарди долари, но со загуба во висина од 353 милиони долари.

Исто така, 2012 беше првата година во која годишниот промет надмина 50 милијарди долари.