Зголемен бројот на издадени одобренија за градење во јули

30

Во јули се издадени 359 одобренија за градење, што претставува зголемување од 71,8% во однос на истиот период лани, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 5.576.256.000 денари, што е за 13,6% помалку во однос на истиот месец од претходната година. Намалената предвидена вредност се должи на фактот дека во претходниот период беше издадено одобрение за градење на капитален проект за изградба на магистралниот гасовод, делница Клечовце – Неготино.

Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 231 (64,4%) се наменети за објекти од високоградба,
40 (11,1%) за објекти од нискоградба и 88 (24,5%) за објекти за реконструкција.

Од вкупно 359 објекти, на 227 (63,2%) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 132 објекти (36,8%) инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 956 станови со вкупна корисна површина од 72.255 метри квадратни.