НОРМАК Инвестмент груп ќе стопанисува со слободната економска зона во Тетово

65

16.01.tetovo1Kонзорциумот што ќе стопанисува и менаџира со слободната економска зона во Тетово e НОРМАК Инвестмент груп.

Триесет дена од објавувањето на веќе донесената одлука треба да се потпише и договорот за јавно приватно партнерство, соопшти министерот за економија Ваљон Сарачини.

Како што стои во бизнис-планот, НОРМАК Инвестмент груп во првите три години се обврзува да изгради 40% од зоната, а за седум да ги реализира планираните активности во целост. Минималната капитална инвестиција изнесува седум милиони евра, а предвидените дополнителни вложувања треба да достигнат 150 милиони евра.

“Официјализирањето на одлуката за стопанисување со ТИРЗ Тетово е од особено значење не само за развој на полошкиот регион, туку и за македонската економија воопшто. Тоа ќе овозможи не само отворање работни места, туку и влез на нови технологии”, истакна Сарачини.