Цените на угостителските услуги во септември оваа година, во однос на претходниот месец, се зголемени за 0,1%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групата Храна за 0,1% и групата Ноќевања за 0,1%. Цените на угостителските услуги во септември 2015 година, во однос на истиот месец од претходната година, се зголемени за 0,8%.
Цените на угостителските услуги за периодот јануари – септември 2015 година, во однос на истиот период од минатата година, се зголемени за 0,4%, додека во однос на декември 2014 година е зголемен за 0,4%.