Трошоците на живот во септември оваа година, во однос на претходниот месец, се намалени за 0,2%, додека кај цените на мало намалувањето е 0,7%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Намалувањето на трошоците на животот од 0,2% во септември 2015 година, во споредба со претходниот месец, е резултат на пониските индекси на другите неспомнати прехранбени производи за 1,5%, замрзнатиот зеленчук за 0,7%, конзервираната риба за 0,5%, свежото млеко за 0,3% и тестенините за 0,2%.
Исто така, намалување на трошоците на животот е забележано кај авионскиот превоз на патници за 14,7%, услугите за сместување за 14,4%, течните горива за домаќинствата за 7,1%, течните горива и мазива за 6,9%, туристичките-пакет аранжмани за 6,3%, лековите за 2%, средствата за чистење и одржување на станот за 1,2%, резервните делови и опрема за сопствен превоз за 0,8%, накитот и часовниците за 0,6% и велосипедите за 0,2%.
Пораст на трошоците на животот во септември 2015 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај свежиот зеленчук за 2,6%, маслото и маснотиите за 1,6%, сувото овошје и шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 0,8%, свежото овошје за 0,5%, јајцата и конзервираниот зеленчук за 0,3% и месото за 0,2%.
Исто така, пораст на трошоците на животот во септември 2015 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај болничките услуги за 3,2%, информатичката опрема за 2,4%, гасот за домаќинствата и електричните апарати-мали за 1,7%, услугите за одржување и поправки на станот за 0,7%, алатите за опрема на куќа и градина, услугите за култура и средствата за лична хигиена за 0,6%, цврстите горива, средствата за пишување и услугите за лична хигиена за 0,5%, текстилот за домаќинствата и исхраната во рестораните за 0,4%, обувките и материјалите за одржување и поправки на станот за 0,3%, облеката, електричните апарати- големи и пијалакот во рестораните за 0,2%.
Трошоците на животот во септември 2015 година, во споредба со септември 2014 година, бележат намалување за 0,2%, а цените на мало бележат намалување од 1,1%.