А-еколошка дозвола за Адинг

24

Градежната компанија Адинг АД Скопје доби А-дозвола за усогласување со оперативен план издадена од Министерството за животна средина и просторно планирање.
“Добивањето на А-интегрирана еколошка дозвола е резултат на усовршувањето и модернизацијата на производството, како и примената на строгите еколошки стандарди кои се компатибилни со страндардите во Европската Унија”, велат од компанијата.
Адинг е македонска компанија за производство на хемиски материјали за градежништво, основана во 1969 година, а како еден од приоритетите на компанијата е и грижата и заштитата на животната средина.