Air Serbia воспоставува директни летови за Охрид

53

air-serbia

Српската национална авиокомпанија Air Serbia, од јуни оваа година воведува три лета неделно за Охрид, со што ќе ја зголеми неделната фреквенција на летови во рамки на регионалната мрежа.

Air Serbia за Охрид ќе лета во понеделник, среда и петок со авионот ATR со 66 седишта.

“Воведувањето на директни летови кон Охрид претставува мошне значаен настан за развој на нашата регионална мрежа, со којашто на туристите ќе им овозможиме брз и пријатен престој во една од најубавите дестинации во Македонија. Истовремено, ја продлабочуваме нашата регионална мрежа со зголемен број на летови неделно кон три популарни градови, што ќе ни овозможи да ја задоволиме сезонската побарувачка за патувања и ќе продолжиме да развиваме флексибилност, избор и погодност на нашата регионална понуда“, изјави Дане Кондиќ, генерален директор на Air Serbia.

Српскиот национален превозник, исто така, ќе го зголеми бројот на летови кон Дубровник, како и фреквентноста на летовите за Пула, со воведување на пет неделни летови. На тој начин на туристите ќе им се овозможи поголем избор за патување кон овие градови на хрватското крајбрежје.

Air Serbia ќе го зголеми и бројот на летови кон Тиват, со воведување на два дополнителни лета неделно, достигнувајќи максимум од 30 повратни летови неделно во текот на летната сезона.