Акции со најголем раст на берзата во декември

117

Овие пет акции забележаат најголем пораст на официјалниот пазар на Македонска берза во текот декември минатата година, покажува Месечниот статистички билтен.

На прво место се акциите на Макошпед со раст од 34,29%, по што следуваат оние на: Жито Лукс (26,09%), Скопски пазар Скопје – приоритетни акции (21,49%), Аутомакедонија Скопје (19,90%) и Стопанска банка Битола (19,23%).

Во Месечниот билтен, како акции со најголем пад се: Арцелормиттал Скопје (ЦРМ) со пад на вредноста од 56,04%. Меѓу петте “губитници“ се најдоа и: Лотарија на Македонија (-50%), Арцелормиттал Скопје ХРМ (– 25%), Охридска банка (-17,72%) и Стопанска банка Скопе – приоритетни акции (-16,86%).

Како најтргувани акции на официјалниот пазар во декември се најдоа: Комерцијална банка (30,87% учество во прометот), Алкалоид (13,56% учество), Макпетрол (13,03%), Гранит Скопје (9,81%) и Стопанска банка Битола (6,54%).

Пазарната капитализација во декември се позиционираше на 185.421.433.527 денари или 1,67% повеќе во однос на ноември. Кај прометот, којшто беше 765.485.112 денари, има раст од 15,14%. Во текот на декември се реализирани 1.768 трансакции или 22,27% повеќе во споредба со претходниот месец. Индексот МБИ10 се позиционираше на 4.648,89 поени или 4,04%.

Фото: Pexels