Алертна фаза во Охридско-преспанскиот и полошкиот регион

13

Охридско-преспанскиот и полошкиот регион денеска ќе бидат зафатени со жолта, односно алертна фаза со температури до 40 степени.

Според најавите на метео-алармот од УХРМ со температури кои ја дефинираат алертната фаза ќе бидат опфатени градовите Охрид, Струга, Дебар, Ресен, Тетово, Гостивар, Кичево, Маврово и Македонски Брод.

Министерството за здравство соопшти дека граѓаните од тие региони, како и останатите граѓани треба да ги почитуваат општите препораки за населението за заштита од високите температури, како што се: заштита од директна сончева изложеност, избегнување престој на отворено во периодот од 11 до 17 часот, консумација на лесна храна и течности, хигиена на раце и хигиенски начин на подготовка на храната и редовно земање на терапијата кај хронично болните лица, јавува Макфакс.