Alibaba: Заеми од скоро три милијарди долари за компаниите “погодени“ од корона вирусот

Групацијата Alibaba нуди 20 милијарди јуани или 2,86 милијарди долари во форма на заеми за компаниите во Кина што се соочуваат со финансиски проблеми поради корона вирусот, пишува Reuters.

Средствата ќе бидат одобрени преку Ant Financial MYBank со поволни услови, а половина од износот ќе биде одобрен на компании во централниот дел на Кина што е најмногу погоден од вирусот.

Станува збор за заеми на една година со 0% каматна стапка за првите три месеци и 20% намалени каматни стапки за остатокот од периодот. Остатокот од износот ќе биде наменет за едногодишни заеми на компании од Кина, чија каматна стапка ќе биде со 20% намалување.

Инаку, основачот на Alibaba, Џек Мак претходно донираше 14 милиони долари за да се финансираат активности за пронаоѓање на вакцина против корона вирусот.

Фото: Pixabay