Amazon ќе вложува во безбедносни камери за домовите

24

camera-securityФото: Pixabay

Amazon издвои 90 милиони долари за го купи производителот на безбедносни камери за домаќинства Blink. Целта на оваа инвестиција не е само да продаде популарна камера, туку да изнајде начин како да се намалат трошоците за производство на камерите и продолжување на животот на батериите и на другите уреди, пренесува Reuters.

Blink камерата за прв пат излезе на пазарот во 2016 година. За разлика од другите камери, овој уред не користи кабел за напојување со енергија, туку, функционира на АА литиумски батерии што можат да траат до две години. Камерата е дотапна по цени почнувајќи од 99 долари.

Уредот е дел од стратегијата на Amazon Key, нова програма што ќе им овозможи на купувачите да постават паметни брави и камери за надгледување во своите домови, со што на лицата за испорака ќе им се овозможи да ги достават пакет или пратка кога нема никој дома.