Amazon трикратно си ја зголеми добивката

139

Американскиот гигант за онлајн продажба, Amazon, третиот квартал од оваа година го заврши со трикратно повисока добивка. Како причина за добрите резултати на Amazon се наведува зголемената онлајн продажба во услови на пандемија.

Нето добивката на компанијата, чие седиште е во Сиетл, е трикратно зголемена на 6,33 милијарди долари, а оперативната добивка достигна 6,19 милијарди долари.

Пораст има и кај приходите, коишто во третиот квартал достигнаа 96,15 милијарди долари. На пазарот во Северна Америка приходите пораснаа за 39% на 59,37 милијарди долари, а во меѓународни рамки, приходите достигнаа 25,17 милијарди долари.

Во последното тримесечје од оваа година, се очекува приходите на Amazon да се движат меѓу 112 и 121 милијарда долари, што е раст од над 35%, во споредба со истиот период лани.

Оваа недела, Amazon објави дека вработуваат 100.000 сезонски работници за да може да се покрие очекуваната зголемена побарувачка за време на празниците.

Фото: Facebook