Американците лани заработиле четири милијарди долари од биткоини

13

Наглиот пораст на биткоинот создаде десетина крипто – милионери, а американските инвеститори го имаат најголемиот удел во вкупното богатство, пренесува Bloomberg.

Минатата година, американските трговци оствариле добивка од 4,1 милијарда долари тргувајќи со една од најпознатите криптовалути во светот, што е три пати повеќе од Кина, којашто е второрангирана со 1,1 милијарда долари.

Меѓу земјите во коишто е остварен најголем удел во прометот со биткоини се Јапонија, Велика Британија, Русија и Германија. Помали земји со растечки пазари за биткоини како што Виетнам, Турција и Чешка се најдоа меѓу 25-те најдобри.

Популарноста на криптовалутите се зголеми на крајот на минатата година бидејќи големи инвеститори како што Пот Тудор Џонс и Илон Маск дале поддршка на биткоинот.

Фото: Freepik