Американска Zynga презема уште еден турски старт – ап

30

Американскиот креатор на видео игри, Zynga презема уште една компанија што создава видео игри од Турција, Rollic, пренесува Хуријет.

“Многу сме среќни што ја развиваме hyper casual категоријата на видео игри со аквизицијата на Rollic, којшто е еден од најдобрите во овој сегмент во 2020 година, воден од исклучително креативен тим“, вели Франк Гибо, главен извршен директор на Zynga.

Компанијата планира да преземе 80% од акциите на Rollic за 168 милиони долари во готово. Останатите 20% ќе се преземат во следните три години.

Ова доаѓа по два месеца откако ја презеде компанијата Peak за 1,8 милијарди долари.

Фото: Facebook