Атлантик Група со сопствен придонес за подигање на еколошката свест

22

altalntikВработените во Атлантик Група минатата година собраа 1.318 тони отпадна хартија која беше рециклирана. Вработените во групацијата го прифатија предизвикот за искорисување на природните богатства на одржлив начин како и обврската да се грижат и да ја сочуваат природата и околината за следните генерации.

Според последните извештаи за заштита на животната средина, компанијата Атлантик Група покажа дека доколку грижата за планетата земја е секојдневна и обврска на секој вработен, резултатите можат да бидат импресивни и неизбежни. Доколку се земе во предвид светски познатата формула дека еден тон рециклирана отпадна хартија спасува 17 дрва, заштедува 26 метри кубни вода, 320 литри нафта, 4.000 kWh електрична енергија и 2,3 метри кубни место за одложување на отпадот, во тој случај придонесот на Атлантик Група во 2012 година за заштита на околината на сликовит начин би изгледал вака: со рециклирање на отпадната хартија спасена е шума од 22.400 дрвја и заштедено е вода потребна да наполни 14 олимписки базени, заштедена е електрична енергија која би ја потрошиле 1.300 семејства во трособен стан во период од една година, заштедено е повеќе од 420.000 литри нафта и намалено е оптеретувањето на местото наменето за складирање на отпадот за 3000 m3.

“Интерно поставивме стандарди и одредивме активности во правец на развивање на еколошката свест и однесување на вработените што има посебно значење во оптимизацијата на одредени трошоци и заштеда на ресурите и енергијата. Проектот под име “Follow me” подразбира сет на активности со кои остваруваме две цели: придонес за еколошка заштита и заштеда во работењето, што подразбира рационална употреба на енергија со исклучување на светлата, печатачите, факс машините, фотокопирот… секојпат кога е тоа возможно, активности усмерени кон рециклирањето и поделба на одпадот со јасни упатства за вработените што може да биде рециклирано… нашата грижа за околината се прошири од локален пристап до корпоративно ниво со конзистентен ЕМС (Environmental Management System) и фокус на заштита на иднината“, изјави Марина Савиќ, одговорна за корпоративни комуникации во Атлантик Група за Србија и Македонија.

Одговорноста и грижата на Атлантик Група кон околината во почетокот имаше локален карактер, а денеска тие се стремат за заштита на средината преку организиран корпоративен пристап. Нивните напори и активности резултираа со одлични резултати постигнати во текот на 2012 година, со што Атлантик Група постигна значаен исчекор во однос на одржливоста и подигнување на еколошката свест.