Аутомакедонија за 12 месеци прокнижи 13,7 милиони денари добивка

24

automakedonija

Акционерското друштво Аутомакедонија во период од први јануари до 31-ви декември 2015 година, оствари вкупна сеопфатна добивка од 13.727.000 денари, покажува неревидираниот и неконсолидиран биланс на успех, објавен на Македонска берза.

Претходната 2014 година, компанијата прикажа добивка во висина од 7.591.000 денари.

Вкупните приходи од продажба во 2015 година беа на ниво од 328.284.000 денари, додека една година претходно на оваа сметка имаше салдо од 339.948.000 денари.

Основната дејност на Аутомакедонија, според информациите на Македонска берза, е трговија на мало со делови и прибор за моторни возила.