
Во јуни, авиокомпаниите оствариле 31 отсто повеќе сообраќај во споредба со минатата година, објави Меѓународната асоцијација за воздушен транспорт (IATA).
Во првата половина од годината глобалното работење порасна за 47,2 отсто во однос на истиот период лани, пренесува Мина.
„Глобално, сообраќајот сега изнесува 94,2 отсто од сообраќајот пред Ковид“, соопшти IATA. Авионите беа особено полни во Северна Америка и Европа.
Авиокомпаниите од азиско-пацифичкиот регион во јуни имале раст од 128,1 отсто во однос на истиот период лани.
Европските авиокомпании забележаа раст од 14 отсто, а северноамериканските авиокомпании 23,3 отсто.











