Автомобилите на Tesla произведени во Кина ќе се извезуваат во Европа

24

Американскиот производител на електрични автомобили, Tesla најави дека до крајот на октомври автомобилите од типот Model 3, произведени во Кина, ќе почнат да се извезуваат во повеќе од 10 земји во Европа, пишува Ројтерс.

Фабриката на Tesla во Шангај почна со производство во декември минатата година, а до крајот на октомври ќе почне да ги извезува во Германија, Франција, Италија и Швајцарија.

Tesla во овој момент гради фабрика во Берлин, а германската влада најави повеќе од 9.000 евра субвенции за купување електрични автомобили.

Фабриката во Шангај, што е прва фабрика на Tesla надвор од САД, оваа година би требало да произведе околу 150.000 возила.

Само во септември, Tesla во Кина продаде повеќе од 11.000 Model 3 автомобили.

Фото: Pixabay