Автомобилите на Volvo ќе се отклучуваат со мобилен наместо со клуч

48

Volvo Cars digital key

Групацијата Volvo, од наредната година, ќе биде првиот производител на автомобил без клуч. За возење на автомобилот ќе се користи дигитален клуч – апликација на мобилниот телефон. Ваквиот иновативен концепт на Volvo без клуч, прв пат, ќе биде прикажан на Мобилниот светски конгрес, којшто почнува денеска и трае до 25-ти февруари во Барселона, Шпанија.

Оваа технологија на дигитален клуч преку мобилниот телефон ќе овозможи сè што овозможува стандардниот клуч – заклучување и отклучување на вратите и багажникот, како и палење на моторот на автомобилот. Преку иновативната дигитална технологија Bluetooth, клиентите на Волво ќе добијат многу флексибилност и корист од новиот начин на користење на автомобилите.

Volvo Cars digital key

Технологијата ќе понуди можност за повеќе од една дигитална апликација за пристап до повеќе Волво автомобили на различни локации, во согласност со нивните потреби за мобилност. Со користењето на оваа апликација луѓето може, потенцијално, да резервираат и да платат за изнајмување автомобил каде бил во светот, а дигиталниот клуч да го добијат на нивниот паметен телефон. По пристигнување на клиентот, тој едноставно го лоцира возилото преку GPS, може да го отклучи и вози, притоа да ги избегне фрустрирачките редици на аеродромите и железничките рент-а-кар локации.

Исто така, овој дигитален клуч може да биде споделен со членови на семејството, пријателите или соработниците во една компанија, кои може да го користат автомобилот додека сопственикот е отсутен.

Volvo Cars digital key

“Новата технологија ќе го олесни животот и ќе им заштеди време на нашите клиенти. Потребата од мобилност еволуира и очекувањата на нашите клиенти е да имаат полесен и поедноставен пристап до автомобил. Нашата иновативна технологија целосно го менува начинот на пристап и споделување на возилата Volvo. Наместо да биде паркиран на паркинг цел ден, може да се користи почесто и ефикасно“,“, вели Хенрик Грин, заменик претседател на одделот за стратегија на производ и менаџмент на линијата на Volvo.

Пилот фазата на оваа технологија ќе почне во текот на оваа пролет и за наредната година, со новата технологија, ќе се произведат ограничен број комерцијално достапни автомобили.

Volvo е пионер во новата дигитална клуч технологија. Од 2015 година, шведскиот премиум производител на автомобили го лансираше првиот комерцијален он-лајн шопинг со достава директно до автомобилот. Физичките копчиња ќе продолжат да бидат во функција за луѓето кои ги сакаат.