Азиските берзи пораснаа, доларот ослабна

21

На азиските берзи во вторникот, цените на акциите пораснаа откако паднаа на најниско ниво во последните две недели претходниот ден, бидејќи инвеститорите се надеваат на забрзано економското закрепнување.

MSCI индексот на азиско – пацифички акции, без јапонскиот, порасна за 0,3 %. Цените на акциите во Сингапур, Јужна Кореја, Шангај, Австралија и Хонгконг пораснаа меѓу 0,2 и 1,5%, додека во Јапонија поради празниците не работат.

Индексот на доларот, што ја покажува вредноста на американската во однос на другите шест најважни светски валути, е околу 89,95 поени, додека вчера тој беше 90,35 поени.

Фото: Pixabay