Baby home seat е седиште што симулира возење во автомобил и е наменето за бебиња кои не можат да заспијат. Зад идејата стои Renault Аргентина која, заедно со маркетинг агенцијата Publiciss од Буенос Аирес, најдоа начин како да го промовираат семејниот автомобил Logan, пишува Creativity online.
Ова седиште се поставува на платформа што го имитира движењето на автомобилот, а преку Bluetooth се поврзува со мобилна апликација. Родители преку апликацијата може да ја изберат должината на “дестинацијата“, музиката, па дури и временските услови во кое ќе се одвива возењето.
Baby home seat во овој момент е прототип што се користи за рекламната кампања. Но, доколку покаже добри резултати, би можело да почне да се произведува.