Банкари предупредуваат: Се заканува глобално должничко цунами

56

Глобалниот долг ќе достигне рекордни 277 билиони долари до крајот на годината, како резултат на понатамошното трошење на владите и компаниите како одговор на пандемијата на коронавирусот.

Според Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), чии членови се повеќе од 400 банки и финансиски институции ширум светот, глобалниот долг се зголемил за 15 билиони долари до септември, на 272 билиони долари. Речиси две третини од тоа зголемување се однесува главно на развиените пазарни земји.

Вкупниот долг на развиените земји, се вели во извештајот, скокна на 432% од БДП во третиот квартал, што претставува зголемување за 50% во однос на 2019 година.

ММФ додава дека вкупниот американски долг е на пат да достигне 80 билиони долари оваа година, во споредба со 71 билион долари во 2019 година.

Што се однесува до еврозоната, долгот се зголеми за 1,5 билиони долари на 53 билиони долари. Сепак, тоа е помалку од рекордните 55.000 милијарди долари во вториот квартал на 2014 година.

Учеството на долг во БДП на земјите во развој достигна скоро 250%.

Либан, Кина, Малезија и Турција се соочуваат со најголемо зголемување на долгот во нефинансискиот сектор.

Фото: Pixabay