Банките виновни за падот на акциите

46

За големиот пад на акциите најзаслужни се големите банки кои оваа пролет започнаа да ги зголемуваат своите резервации поради очекуваниот раст на нефункционалните кредити.

Откупот на акции со кои американските компании дел од профитот го прелеваат на акционерите е речиси преполовен во вториот квартал, достигнувајќи најниско ниво во последните осум години.

Како што пишува Financial Times ова е резултат на силното зголемување на неизвесноста за економската состојба во блиска иднина и остриот пад на профитот.

Според првичните податоци од S&P и Dow Jones индексите, во вториот квартал американските компании  за набавка на акции во системот на индекси S&P 500 потрошиле 89,7 милијарди долари што е за 46 % пониско од истиот период лани.

Податоците укажуваат на податокот дека ова е најлош квартал што се однесува на откупот на акции уште од првиот квартал на 2012 година.

За големиот пад на откупот на акции најголеми виновници се големите банки како што се Morgan Stanley, Goldman Sachs, JP Morgan Chase и  Wells Fargo, кои започнаа да штедат пари од пролетта заради очекуваниот раст на нефункционалните кредити.

Од друга страна, најголемиот купувач на сопствени акции беше Apple, кој за таа намена потроши 17,6 милијарди долари.

Фото: Freepik