Банките во еврозоната ги заострија условите за кредитирање

20

Банките во еврозоната ги заострија условите за кредитирање во третиот квартал од оваа година, поради пандемијата од Ковид-19, покажува студијата на Европската централна банка (ЕЦБ), којашто покажува несигурност кај банките во врска со закрепнување на економијата. 

Кредитните услови, според кои банките го проценуваат кредитирањето на компании и физички лица станаа построги, покажува истражувањето.

Според ЕЦБ, 19% од банките во еврозоната ги заостриле условите за позајмување во третиот квартал.

Условите ги заострија банките во Шпанија, каде ограничувањата за да се спречи ширењето на новиот коронавирус сериозно го погодија секторот за туризам и услуги. Построги услови се пријавени и во Франција и Германија. Економското расположение се влошува поради новите мерки за спречување на ширењето на вирусот.

Фото: Pixabay