Белград наскоро ќе ја добие првата автоматска аптека

21

lekovi

Компанијата Александар МН планира наскоро во центарот на Белград да ја отвори првата автоматска аптека во Србија, пишува еКапија.

Овој вид на автоматски аптеки е апсолутен хит во светот во давање на дополнителни услуги од областа на малопродажбата и фармацијата, којашто на купувачите во голема мера им го штеди времето, им го поедноставува купувањето.

Автоматската аптека ќе биде отворена 24 часа, а ќе им биде од голема корист и на странците кои ќе се најдат во Белград и кои веќе се навикнати на ваков начин на купување на фармацевтски производи.

Од компанијата Александар МН велат дека во автоматската аптека ќе може да се купат производи и медицински средства за коишто не е потребен лекарски рецепт: средства против настинка, болки, додатоци за исхрана, храна за бебиња и слично.

Во план е ширење на ваков вид на автоматски аптеки во затворени и отворени простории и објекти низ Србија, здравствени установи, шопинг центри, супермаркети, аеродроми, хотели…