Белградската берза со нов начин на финансирање бизниси

50

berza-1Фото: Pexels

Белградската берза до крајот на март на српскиот пазар ќе понуди crowdfunding платформа, своја берза за финансирање на стартапи и микро, мали и среди претпријатија. Новата платформа ќе овозможи во Србија да влезе свеж капитал и да ја раздвижи економијата, а на новите компании да им овозможи раст и развој на нивните бизниси, пишува eKapija.

Сите оние претприемачи кои имаат иновативна идеја, можат да се вклучат на платформата и да конкурираат со својот проект. Ќе се презентираат бизнис идеи од сите области, а нив ќе ги разгледуваат инвеститори од Србија, но и од целиот свет.

Во Србија најголем дел од финансискиот пазар го сочинуваат банките кои поради строгата регулација насекаде во светот не можат да ги пресретнат потребите на претприемачите и да ги финансираат стартапите и малите бизниси. Економистите очекуваат новата белградска берза да го премости тој јаз.

Во светот овој облик на финансирање веќе е долго присутен. Досега има над илјада crowdfunding платформи, а најпознати се Kickstarter, Crowd Berlin, IndieGoGo, Kiva, Microventures.

Најголемиот дел од добрите идеи пропаѓаат бидејќи нема достапни модели за финансирање на бизнис потфат. Статистиката покажува дека токму ова е најголемиот виновник што од десет стартапи успева само еден.