Берзанска сензација на годината на Wall Street

36

Акциите на јужнокорејскиот гигант за електронска трговија Coupang вчера забележаа фасцинантен скок од 40% на дебито на Њујоршката берза.

Така, неговата иницијална јавна понуда (Initial public offering – IPO) стана најголема оваа година во САД.

Акциите на Coupang, кои беа најавувани како берзанска сензација на годината претходните денови, на самиот почеток се тргуваа по цена од 63,50 долари, а денот на тргувањето го затворија на ниво од 49,25 долари, така што пазарната капитализација на компанијата достигна 84,47 милијарди долари, пренесува CNBC.

Coupang, којшто беше основан од корејско-американскиот милијардер Бом Ким во 2010 година, честопати се споредува со Аmazon или Аlibaba затоа што гарантира испорака на нарачката истиот или најдоцна следниот ден.

Компанијата има повеќе од 100 логистички центри и вработува околу 15.000 возачи во Јужна Кореја. Coupang минатата година скоро ги удвои приходите на 12 милијарди долари, според податоците од пријавата за IРO, но сепак пријави нето загуба од околу 475 милиони долари за 2020 година.

Фото: Pixabay