Бетон за девет месеци прокнижи добивка од 14,7 милиони денари

51

Градежната компанија Бетон евидентираше вкупна сеопфатна добивка од 14.744.000 денари, покажува деветмесечниот консолидиран биланс на успех објавен на Македонска берза.

Во периодот јануари – септември лани, компанијата прикажа добивка од 11.994.000 денари.

Вкупните приходи од продажба, заклучно 30-ти септември оваа година, изнесуваа 822.830.000 денари, додека една година претходно беа 1.180.318.000 денари.

Консолидираните извештаи, покрај работењето на матичното друштво ДГ Бетон АД Скопје, го вклучуваат и работењето на друштвата за експлоатација на минерални суровини и тоа: Бетон-Про ДОО Скопје, Бетон-Каменолом ДОО Скопје, Бетон-Рудник ДОО Скопје, како и друштвото за хотелиерство, туризам и услуги Бетон – Хотели дооел Скопје.

Фото: Pexels