Бетонски бариери што ја зголемуваат безбедноста во сообраќајот

102

Фото: Tuwien.ac.at

Научници од Технолошкиот универзитет во Виена развија посебна бетонска смеса што спречува одвојување на опасни делови, дури и во случај на силен удар.

Вообичаените бетонски бариери, при силен удар, се кршат на повеќе делови, што не е случај со овие бариери направени од флексибилна бетонска маса.

“Нашата цел е да развиеме тип на бетон што може да издржи високо динамично оптоварување, а во исто време е цврст и попустлив. Прво, теоретски ги истражувавме различните можности, а потоа имплементиравме дел од тие идеи и ги тестиравме својствата на новиот вид на бетон на Универзитетот во рамки на тестовите за отпорност на притисок“, вели Илдико Метра, градежен инженер од Универзитетот во Виена.

Според тестирањата, камион од 38 тони, што се движи со брзина од 60 километри на час, не успеа да го оштети овој безбедносен систем. Истото се случило и при тестирање со автобус од 13 тони што се движи со брзина од 70 километри на час.