Џеф Безос додава вила на плажа на Флорида во својата империја за недвижнини. Основачот на Amazon и третата најбогата личност на светот се согласи да плати 68 милиони долари за имот во Индијан Крик, вештачки остров во областа Мајами, според инсајдерски информации.
Имотот е на 1,1 хектар и има куќа со три спални соби, изградена во 1965 година. Претходно беше во сопственост на MTM Star International. Јавните записи покажуваат дека продажбата се случила во јуни, но идентитетот на крајниот купувач во тоа време не беше откриен. Пред тоа, последната забележана продажба била во 1982 година за 1,4 милиони долари, пишува Блумберг.
Портпаролот на Безос не одговори на барањата за коментар. Безос размислува и за други набавки во областа.
Ексклузивниот Индијан Крик е познат како „бункер на милијардерите“ и бил дом на Карл Ајкан, Том Брејди, Џаред Кушнер и Иванка Трамп.
Безос собра повеќе недвижен имот во последниве години, во Вашингтон, палата од девет хектари во Беверли Хилс што ја купи за 165 милиони долари во 2020 година и имот во Мауи. Тој поседува недвижен имот во Менхетен и Сиетл, како и ранч од 300.000 хектари во Тексас, дом на местото за лансирање на ракетата Њу Шепард на Blue Origin.
Неговото трошење за ултра скапи недвижнини се забрза откако тој се повлече од функцијата извршен директор на Амазон во 2021 година и откако се разведе од сопругата Мекензи Скот. Тој е сопственик на една од најскапите суперјахти во светот, Кору, која беше лансирана оваа година и чинеше околу 500 милиони долари за изградба.
Фото. Pixabay